Враштичанка
Постоиме од 1991 година
Враштичанка е компанија која постои од 1991 година, како производител на повеќе жилни конци од памук и полиестер. Преку добрата соработка со нашите добавувачи од Европа и Азија, кои се дел од лидерите во производството на памук и полиестер во светот, на нашите клиенти им нудиме и едножични предива од полиестер и памук во најразлични дебелини. Нашата стабилност низ годините и континуираниот раст на продажбата на нашите производи, се засновани на постојан технолошки развој во производството како и постојана едукација на кадрите во производството. Во производниот процес се служиме со машини од врвни светски брендови како:
Saurer Allma, Savio, SSM, RIte. Производните фази се паралелно пропратени со контрола на квалитет на секое парче поединечно, така што на нашите потрошувачи им нудиме сигурен производ со постојан квалитет. Покрај квалитетот на производите кој е столб на нашата работа, поради директната поврзаност со најдобрите производители на репроматеријали како и долгогодишните соработки, на домашниот и европскиот пазар настапуваме со значително конкурентни цени.